Новости
среда, 04 мај 2022 05:35
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ имаше средба со Томаш Стражај, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика.
-Словачка дава гласна политичка поддршка за почеток на нашите преговори со Европската Унија потврдивме на денешната средба со Томаш Стражај, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика.
На средбата, во пријателска атмосфера, беше потенцирана континуираната заложба на Република Словачка за нашите евроинтегративни процеси, со посебен акцент на поддршката која се одвиваше во рамките на Националната конвенција за Европска Унија во Северна Македонија, во изминативе години.
На средбата, во присуство на амбасадорот на Словачка во земјава, Н.Е. Хенрик Маркуш, низ конструктивен разговор дадовме осврт и на важноста на процесот на реформи, особено во областа на корупцијата, фокусирајќи се на искуствата на Словачка, која е членка на ЕУ веќе 17 години, а каде сé уште трае борбата против корупцијата.