Новости
среда, 04 мај 2022 03:03
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ имаше средба со францускиот Амбасадор во земјава, Н.Е. Сирил Бoмгартнер.
- Целта на Франција е стабилен и просперитетен Западен Балкан, а заложбата за забрзување на преговарачкиот процес останува главен приоритет, потврдивме на денешната средба со францускиот Амбасадор во земјава, Н.Е. Сирил Бoмгартнер, посочи вицепремиерот Маричиќ.
Амбасадорот Бoмгартнер истакна дека е важно што земјава и ЕУ дејствуваат хармонично и заедно во врска со кризата во Украина. Само на овој начин можеме да ги браниме заедничките вредности, слободата и правдата.
- Очекуваме храбар чекор да направи Унијата за време на француското претседателство и Северна Македонија и Албанија да го добијат долгоочекуваниот датум за преговори со Унијата. Франција останува наш силен партнер и сојузник на европскиот пат на Северна Македонија.