Новости
понеделник, 28 март 2022 10:36
На денешниот работен состанок на вицепремиерот Бојан Маричиќ со австрискиот амбасадор во земјава, Н.Е. Георг Вуцас, се разговараше за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја, како и за посетата на Сојузната министерка за Европската Унија и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер, која треба да се реализира оваа среда.
Амбасадорот Вуцас даде позитивен коментар за новото темпо на преговори со Република Бугарија, за изнаоѓање заемно прифатливи решенија во духот на европските вредности. Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека земјава е целосно подготвена за отпочнување на пристапните преговори со Унијата и затоа е неопходно да се одговори на предизвиците во разумен рок.
Двајцата се согласија дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а ги разгледавме и можностите за нејзино унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети.
Вицепремиерот Маричиќ упати голема благодарност за принципиелната австриска поддршка на земјава, која се вбројува во една од најдобро насочените и управувани поддршки кои ги добива земјава и од технички и од финансиски аспект.