Новости
четврток, 24 март 2022 12:45
Во рамките на посетата на Брисел Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, остварија средба со групата на социјалистите и демократите (СД) во Европскиот Парламент.
Вицепремиерот Маричиќ и Премиерот Ковачевски со групата на социјалистите и демократите (СД) во Европскиот парламент го потврдија ставот дека европската интеграција останува најдобар механизам за постигнување внатрешен развој и напредок на земјите, почнувајќи од повисоки животни и работни стандарди, стабилна економија, повеќе инвестиции.
Заедно со премиерот Димитар Ковачевски, изразивме благодарност за политичката посветеност на социјалистите и демократите (СД) во Европскиот Парламент на процесот на проширување на Унијата со земјите од регионот и силната поддршка за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија со Унијата – рече вицепремиерот Маричиќ.
Претседателката на групата социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез, го поздрави напредокот на земјата во реформите, потврдувајќи дека испораките кои ги направивме треба да бидат наградени со унапредување на евроинтеграцискиот процес и одржување на првата меѓувладина седница, бидејќи европското семејство не е комплетно без Западниот Балкан.
Соговорниците оценија дека продолжувањето на процесот на проширување е важно и за ЕУ, затоа што од тоа и земјите членки имаат конкретни економски придобивки и она што е уште поважно за Унијата - обезбедување на стабилност и безбедност на Балканот.