Новости
понеделник, 28 февруари 2022 08:44
Денеска (28 февруари) се одржува инвестицискиот самит за Западен Балкан во седиштето на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, на кој ќе присуствуваат претставници од земјите од регионот.
Самитот има за цел да го истакне потенцијалот на Балканот за инвестиции и бизнис и да промовира регионални прекугранични проекти. Балканот е приоритетен регион за ЕБОР, поради што оваа банка сè уште е најголемиот институционален инвеститор во земјите од Западен Балкан.
На самитот присуствува и македонска делегација предводена од премиерот Ковачевски, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, кои покрај учеството на пленарната сесија на самитот со која ќе претседава претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, ќе остварат и повеќе други работни средби со високи претставници на банката.
На отворањето на Самитот обраќање ќе има и Оливер Вархеји, европски комесар за соседство и проширување во кое ќе биде презентирана и состојбата со Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Економскиот инвестициски план (EIP).
Линк за следење во живо: https://video.ebrd.com/media/t/0_3gk5f1yc